Skip to main content
Хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

02/03/2026  13:53

На 01.03.2026 во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан”, во близина на „Титов Врв”, има повредено лице.

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање. Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.