
Денеска се играа пет натпревари од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), пред да почнат мечевите на сите терени се оддава минута молк, но во Тетово беше поинаку.
На мечот меѓу Шкендија и Брера, додека играчите на двете екипи стоеа мирно и ја почитуваа минутата молк, на трибините навивачите на домаќините, пееја песна за УЧК, имаше и свирежи додека сите требаше да молчат.
Извор: News 24