Skip to main content
Свет

Скандал во Полска: Претседателскиот кандидат се поврзува со проституција

28/05/2025  18:32

Во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Полска ја тресе голем скандал. Конзервативниот претседателски кандидат Карол Навроцки го обвинуваат дека во младоста имал врски со подземјето.

Имено, сајтот Онет, најчитаниот сајт на весници во Полска, го обвини Навроцки дека додека работел во службата за безбедност и заштита на хотел, наводно учествувал во регрутирање проститутки за клиенти за време на нивниот престој.

Полскиот националист ги отфрли сите наводи, додека новинарите во својот напис цитираа две личности кои тогаш биле блиски со него.

Навроцки отиде чекор подалеку и рече дека ќе ја тужи страницата. Во исто време, Георге Симион, романски политичар, кој е во Варшава и присуствува на конгрес на конзервативците, ги нападна сите медиуми во Полска, обвинувајќи ги за објавување лажни вести.

Според веб-страницата Онет, Навроцки наводно учествувал во процесот на носење проститутки на гостите на хотелот Гранд во Сопот, каде што работел како обезбедување. Ова го тврдат неговите колеги од обезбедувањето со кои тој тогаш работел.