Skip to main content
Скопје

„Сити базар – Подари љубов” осмомартовски базар во Скопје Сити Мол

26/02/2025  10:26

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов” на кој ќе се претстават дури 42 модерни ракотворци.

Од 2 до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат ќе се претстават: Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL.RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA Macrame, Zen.Zeal, Креативно студио Алегра, Botanikly, Lila Handmade, ByMimi Cosmetics, vbunarovska, АПИ КОЗМЕТИКА, Рачни уметнички ракотворби ДИМОВСКИ, Love Corner, Малезан Филигран, Glossy accessories, АКРЕА и BLOOM.

Од 6 до 8 март на првиот кат зад штандовите ќе бидат брендовите: Marcy’s handmade, epoxy_handmadebyclay, Кожарска работилница Хорват, МЕДЕНА, Шарено ќоше, Пекара Ваташа, Монкдолс, Irena’s bouquets, Џули Декупаж, Атеље Марта Пејоска, Filigree LARGO, GLOW Natural, Девојчето со книгите, Игнеа еко арома козметика, Small piece of joy, ЛАВИТА АГРО АБ, Лала Студио, Julia Barbun, Cariño handmade gifts & accessories, Nebula jewelry и Еко восочни обвивки.

Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената ќе се претстават со широка лепеза производи. За сите дами, артизаните изработија оригинален и храбро конципиран еклектичен накит, иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Ракотворците ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање наративи од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, дел од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина на лице и тело, цветни аранжмани, растетија, уникатни саксии, производи од свила и домашно направени колачи и чоколади. Некои од уметниците креираа и чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила, како и декоративни органски сапуни и свеќи и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба.

И овој настан е дел од новата иницијатива на Скопје Сити Мол – „Сити базар”, која започна во јануари. Како општествено одговорна компанија, активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол, не само што обезбедува простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ги поттикнува посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат и афирмираат креативниот влог на македонските ракотворци. Новата платформа „Сити базар” ќе се одржува во текот на целата година, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.