Skip to main content
Скопје

„Сите за Палестина“ утре во 12 часот организира протестен марш во Скопје

31/10/2025  09:42

Иницијативата „Сите за Палестина“ утре, со почеток во 12 часот ќе организира протестен марш чија цел е изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе започне пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода, ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Како што информираат од иницијативата „Сите за Палестина“ настанот е дел од глобалното движење на солидарност со Палестина, кое го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа и праведна реконструкција под водство на палестинскиот народ.

„И покрај формалниот прекин на огнот, продолжуваат нападите, ограничувањата на помошта и насилството врз цивили и медицински персонал, што докажува дека тековниот „мир“ не значи крај на злосторствата ниту исполнување на меѓународните обврски, што дополнително ја засилува потребата од политички и правен притисок за вистинска правда и слобода за палестинскиот народ. Протестот има за цел да потсети дека мир без слобода не постои, и дека правдата за Палестина е предуслов за праведен свет“, велат од иницијативата.