
Судот во Kочани ги прифати сите барања на Обвинителството за определување на притвор за осомничените за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
30 дневен притвор им е определен на 24 лица од 27 осомничени, тројца се во болница. Меѓу оние на кои им е определен притвор освен сопствениците на дискотеката и организаторите на концертот се и градоначалниците на Кочани Љупчо Папазов, Николчо Илијев и Ратко Димитровски.
Претходно притворот на 30 дена им е продолжен и на Крешник Бектеши, Беким Хаџиу и другите лица кои биле на раководни позиции. Обвинителството вчера отвори официјална истрага за трагедијата посочувајќи дека до неа довеле верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица.
Посебна истрага Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води за седум осомничени началници, командири и други службени лица осомничени дека како соизвршители и овозможиле на дискотеката незаконски да добие лиценца.