
Македонско семејство деновиве празнува.
Синот го фатил крстот за Водици, а таткото освоил милионер џекпот, вреден 1.433.724 денари следниот ден, информира Државна лотарија преку соопштение.
Се работи за луѓе кои силно веруваат во традицијата, а таткото е човек со големи соништа и верба дека на добрите луѓе им се случуваат убави работи.
Се додава дека на добивката се радува целото семејство, а ќе ја потрошат за убави работи во нивниот дом.
„МИЛИОНЕР џекпот добивката вредна 1.433.724 денари е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип“, додаваат од Државна лотарија, а на семејството му честитаат за освоената добивка.