
Јаникс Синер и Карлос Алкараз ќе играат во финалето на не официјалното светско тениско првенство Вимблдон.
Светскиот рекет број 1, Јаник Синер премногу лесно лесно во три сета го совлада Новак Ѓоковиќ. Во мечот што траеше само 1 час и 55 минути Италијанецот го доби трите сета. Првите два Синер ги доби со идентични 6:3, а во третиот Новак освои само еден гем повеќе (6-4).
Во своето прво финале во Лондон, Синер ќе го предизвика бранителот на трофејот од лани Карлос Алкараз.
По Австралија Опен и Роланд Гарос, Ѓоковиќ пропушти уште една шанса да стигне до 25 Грен слем