Skip to main content
Спорт

Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025

13/01/2025  09:19

Првиот светски рекет, Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија Опен во 2025 година.

На стартот на турнирот Италијанецот го победи чилеанскиот тенисер Николас Жари за 2 часа и 42 минути со 7:6 (7:2), 7:6 (7:5) и 6:1. 

Синер сервираше седум асови, направи една двојна грешка и реализира две брејк топки од пет шанси. Неговиот противник имаше 13 аса, четири двојни грешки и ниту една конвертирана брејк топка од можни две.

Следен противник на Синер ќе биде победникот од мечот меѓу Тристан Школкејт (Австралија, СП) и Таро Даниел (Јапонија).

Вкупен награден фонд на Гренб слемот во Мелбурн изнесува 59,9 милиони долари.