Skip to main content
Економија

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

19/03/2026  12:26

Синдикалната минимална кошница за март 2026 изнесува 67.818 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.

Согласно нивните пресметки, тоа е за 436 денари повеќе споредено со месец февруари.

Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари.

-Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326,00 денари, посочуваат од ССМ.