Skip to main content
Хроника

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите

06/04/2026  16:00

Вчера во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот, соопштија од МВР. 

Според информациите од полицијата, по лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.