Skip to main content
Балкан

Син на политичар од БиХ пијан предизвикал сообраќајка во која загинаа тројца млади

03/06/2025  22:20

Кантоналниот суд во Мостар го прифати предлогот на Обвинителството на Херцеговачко-неретванскиот кантон и донесе одлука со која на Марко Шљивиќ (28) од Чапљина му е одреден притвор од еден месец, почнувајќи од 31 мај, кога беше уапсен, објави Телеграф.

Синот на политичарот Шљивиќ е приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај“, во врска со кривичното дело „Загрозување на јавниот сообраќај“.

Шљивиќ е осомничен за предизвикување на страшна сообраќајка што се случила на 31 мај во местото Шеваш Њиве, помеѓу Мостар и Чапљина, кога возел Ауди А4 во алкохолизирана состојба. Нивото на алкохол во крвта му било измерено на 1,64 промили.

Во несреќата загинаа Алмин Црналиќ (22), Енис Куртовиќ (22) и Далила Жугор (20) кои биле во Ауди А3. Тројцата заедно беа закопани вчера.

Во несреќата учествувал и Џ.Ш. со возило „Фиат“ кој во полиција го пријавил „меткањето“ на Шљивиќ на патот само неколку минути пред несреќата.