
Во СВР Скопје од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека на 27.04.2025 во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.

Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје, известија од МВР.