Skip to main content
Македонија

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

18/02/2026  10:13

Поради силен ветер летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Настанот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

-За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности, соопшти ЦУК.