
Силна експлозија уништи зграда на улицата „Вителија“ во областа Монтеверде во Рим, пишуваат италијанските медиуми.
Експлозијата се случила утрово нешто пред 09:00 часот. Според изјавите на очевидци, непосредно пред уривањето, се слушнал силен татнеж „како бомба“ и силен мирис на гас како се шири низ областа.
На местото на инцидентот пристигнале карабинерите, полицијата и пожарникарите. Тие извлекоа жена од урнатините. Се претпоставува дека нема други закопани.
Во моментов се води истрага за причините за инцидентот, при што се претпоставува дека се работи за експлозија на плинска боца. Целата област е опколена од полицијата.