
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово, во 06:09 часо, во централна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,0272 и географска должина 36,1792.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.