Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес во Грција – почувствуван во Атика, Крит и Пелопонез

23/07/2025  16:58

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес во 16:26 часот по локално време во Антикитера, Грција.

Како што објави Грчкиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје 21 километар југоисточно од островот Антикитера, кој се наоѓа помеѓу јужниот крај на Пелопонез и северозападниот брег на Крит, јавува грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според првите податоци, жариштето на почвата е измерено на длабочина од 58,6 километри.

Земјотресот бил почувствуван на Крит, Пелопонез и Атика.