Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Македонија и во Црна Гора

24/01/2025  15:44

Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води кои изјавија дека „добро го почувствувале потресот“.

„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, „Добро се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица која е на речиси 60 километри од епицентарот.

Се огласија и скопјани кои тврдеа дека почувствувале како се движи тлото. Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.

Засега не се знае дали има материјална штета. За потсетување, епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.