
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, јавува „EMSC“, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 124 километри.
Засега нема извештаи за повредени, исто така не се знае дали е причинета материјална штета.