Skip to main content
Свет

Силен земјотрес со јачина од 6 степени во Индонезија

26/02/2025  09:49

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер денеска ја погоди северна Индонезија, соопшти Индонезиската метеоролошка агенција.

Не е издадено предупредување за цунами, а властите не пријавиле повредени или материјална штета.

Земјотресот се случи во 06:55 часот по локално време во близина на брегот на островот Сулавеси.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност.