Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес ја стресе Хрватска

25/02/2025  13:12

Многу силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска.

MK Summit

Епицентарот на земјотресот бил на девет километри од Сисак на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Сисак нешто пред 13 часот, а во делови од округот снемало струја.