Skip to main content
Свет

Силен земјотрес ја погоди Тонга, прогласена опасност од цунами

30/03/2025  18:44

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска Тонга, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами во оваа островска земја во Тихиот Океан.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 139 километри од Нукуалофа.