Skip to main content
Свет

Силен земјотрес ја погоди мексиканската сојузна држава Гереро

02/01/2026  16:33

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро. Епицентарот бил регистриран на длабочина од само 10 километри, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека по разговор со гувернерот на погодената држава засега нема пријави за посериозна материјална штета. Таа истакна дека штета не е евидентирана ниту во главниот град, Мексико Сити.

Во моментот на земјотресот, претседателката одржувала редовна утринска прес-конференција, а кога се активирале алармите за опасност, мирно ја прекинала презентацијата и се евакуирала заедно со присутните новинари.