
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во петокот на 14 март 2025 година во 20.37 часот во Италија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 13 километри од Фоџа.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.