Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес ја погоди Грција

20/03/2026  20:07

Силен земјотрес беше почувствуван во Грција со јачина од 4,7 степени според Рихтерова скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри североисточно од Парамтија, односно 157 километри југозападно од Лариса.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Досега нема пријави за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.