
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ги критикуваше изјавите на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија би можела да биде подготвена да го нападне НАТО во рок од пет години, оценувајќи ги како „непромислени“.
„Марк Руте даде неколку непромислени изјави, тврдејќи дека ‘ние’ сме следната цел на Русија и дека безбедноста на Украина е наша безбедност“, напиша Сијарто на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека секој што сѐ уште се сомнева дали „здравиот разум целосно исчезнал“ во Брисел, треба да биде убеден од ваквите изјави.
Сијарто нагласи дека Унгарија, како членка на НАТО, одлучно ги отфрла овие тврдења, посочувајќи дека безбедноста на европските земји ја гарантира НАТО, а не Украина, која, како што рече, се бори за сопствената безбедност.
Тој оцени и дека изјавите на Руте се знак дека Брисел се поставил против мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека ваквите изјави се „неодговорни и опасни“.
