Skip to main content
Свет

Сибиха: Над 1.700 Африканци војуваат во Украина, на страната на Русија

25/02/2026  21:45

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека повеќе од 1.700 Африканци се борат на страната на Русија.

-Јасно гледаме дека Русија се обидува да ги вовлече африканските граѓани во оваа смртоносна војна. Според наши податоци, во моментот околу 1.780 Африканци се борат заедно со руската армија, посочи Сибиха на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуѕето Аблакава во Киев.

Според Сибиха на страната на Русија војуваат граѓани од 26 африкански држави.

Аблаква наведе дека африканските граѓани биле вовлечени во војната во Украина со измама односно им била ветувана работа во Русија и оти тие немаат воено искуство, а не биле ни на обука.

-Тие едноставно биле намамени и излажани, а потоа испратени на фронтот, истакна Аблаква.

Тој додаде дека ќе го замоли украинскиот претседател Володимир Зеленски да ослободи двајца гански воени заробеници кои биле заробени додека се бореле во редовите на руската армија.