
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра.