
Сите партии во шведскиот парламент се согласија да го поддржат планот на владата за значително инвестирање во оружје и плаќање на тоа со заеми до 26,8 милијарди евра, соопшти денес шведската влада.

„Шведска е во многу сериозна безбедносна ситуација“, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на прес-конференција.
Јонсон рече дека затоа е многу добро што е постигнат широк и долгорочен политички договор за многу големи инвестиции во одбраната во наредните години, објави Ројтерс.