
Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедијата во Карпош, згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 2 пријави имало за две години, за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана. Колку жени пријавуваат семејно насилство а нема соодветна и навремена реакција?, праша на денешната прес-конференција Каја Шукова од СДСМ.
Сериски насилник во Велес одзеде два животи, на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски потфрли.
6 месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.
Во Кумановско Старо Нагоричане сериски убиец. 5 жени се жртви. Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР.
Во трагедијата во Кочани згаснаа 64 жртви. Тошковски ги штитеше неговите началници.
Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24/7. Ги повикува институциите а тој води институција
Сè е пропаганда, никаде нема одговорност.
Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи.
Утре, на Денот на жената, е денот да се дигне гласот на жените.
Форумот на жени на СДСМ организира протестен марш во Богданци со почеток во 12.00 часот.
Но, целосно го поддржуваме и граѓанскиот марш во Скопје.
Ги повикуваме сите да се приклучат.
Од Скопје, до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас.
За сите обесправени, за сите понижени жени, за сите жртви, за сите изневерени од системот, од државата, од власта.
Да се крене гласот и да се каже доста е!
Да испратиме порака.
Нема да молчиме!
Има да нè има!
Рацете ви се крвави., кажа на денешната прес-конференција Шукова.

