Skip to main content
Скопје

Шукова најави 100 мурали за поубаво Скопје

06/09/2025  17:08

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали”, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат.

„Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,” изјави Шукова. Таа истакна дека многу јавни простори денес изгледаат запуштено, а ѕидовите се уништени со безлични и хаотични графити кои ја нарушуваат сликата на градот.

Проектот има за цел не само естетско разубавување на јавниот простор, туку и промовирање на културни и општествени вредности преку современа уметност.

„Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град”, нагласи Шукова.

Во рамки на проектот ќе бидат вклучени локални уметници и млади креативци, со што се отвора можност за поддршка на домашната уметничка сцена и активно граѓанско учество во разубавувањето на Скопје. Шукова верува дека уметноста може да биде моќен алат за обединување и градење на одржлива и пријателска урбана средина.

„Заедно ќе го направиме Скопје поубаво место за живеење – град со кој секој ќе се гордее”, додаде Шукова.