Skip to main content
Македонија

Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија

09/07/2025  20:56

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус” на телевизија 24.

Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно,  успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик, што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на јазикот нема што да се дискутира.

-Ние знаеме кој народ сме, ние знаеме на каков каков јазик зборуваме, Европа го призна тоа Обединетите нации го признаа, рече Шукова, додавајќи дека секогаш имало и ќе има такви коишто ќе се обидуваат да разгоруваат национални прашања и во Македонија и пошироко на Балканот.

Шукова нагласи дека треба да се фокусираме на она што е битно за државата, а битно за државата се реформите.

-Ние цела година веќе не гледаме прогрес во реформите, согласно реформската агенда, согласно планот за раст, имаме стагнирање, рече Шукова.