Skip to main content
Скопје

Шукова: Ќе формираме нова служба во Градот само за собирање кабаст отпад

29/09/2025  16:05

Во својата денешна изјава, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, објави формирање на нова специјализирана служба за собирање кабаст отпад.

„Овој отпад денови стои расфрлан покрај контејнерите и никој не го собира. Тоа ќе престане. Ќе има посебна градска служба, која секојдневно ќе го собира кабастиот отпад низ сите населби”, истакна Шукова.

Таа додаде дека ова не е дел од празна предизборна реторика, туку реален, конкретен и остварлив план за долгорочно решение за чисто Скопје.

„Скопје е нашиот дом. И конечно, ќе почне да личи на тоа”, порача Шукова.