Skip to main content
Скопје

Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк

13/09/2025  18:00

Соопштение на СДСМ:

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагираше 

за големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии. 

,,Скопје повторно под црн чад!

Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?

Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!

Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.

Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните”-напиша Шукова на Фејсбук.