Skip to main content
Забава

Што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ: Се огласи продукцијата

03/03/2025  20:22

Директорот и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 71-годишна возраст по кратко и тешко боледување во клиника во Париз. Неговата блиска пријателка и соработничка од Гранд, Весна Милановиќ откри какви биле последните минути од животот на Саша, како и што ќе се случи со проектот „Ѕвездите на Гранд“.

– До последниот ден работеше и веруваше дека сѐ ќе биде во ред и не сакаше никој да зборува за неговата болест, бидејќи беше сигурен дека ќе закрепне како сите нас. Можам само да кажам дека неговото семејство беше со него до самиот крај“, откри Весна.

На прашањето дали се слушнала со Сузана, таа откри дека се слушнала.

– Секако дека сум, многу е тешко, знаеш кога ќе замине некој од најблиските, многу е тешко – додаде таа.

Весна откри и што ќе биде со проектот „Ѕвездите на Гранд“.

– Ќе ви кажам дека Саша цело време работеше и беше во контакт со нив, цело време беше со членовите на жирито. Пред околу месец и половина дојде во студио и доби громогласен аплауз од членовите на жирито. Секако, постои цел тим кој работи со Саша над 20 години, така што работата не може да застане ниту една секунда, бидејќи тоа би било предавство на Саша – додаде таа.