Skip to main content
Свет

Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет  

28/02/2025  11:28

Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет.

MK Summit

Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“, две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница.

Како што јави белгиската државна телевизија ВРТ случајот бил забележан од негувателите во домот во текот на ноќта, кои веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош.

Осомничениот напаѓач, чиј идентитет не е соопштен, е приведен во полициска станица, а на местото на настанот увид вршат форензички тимови.

Мотивите за нападот засега не се познати.

– За домот за стари лица и за општината ова е шокантен настан. Нашите мисли сега, пред сè, се со жртвите и нивните семејства, изјави Дегроуте.