
Матурантот Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ освои сребрен медал на Меѓународната 57. Хемиска олимпијада (IChO 2025) што се одржа во Дубаи.

– Повторно горди на Марио Ванчоски! Марио освои сребро. Македонскиот тим се натпреваруваше со 354 ученици од 90 држави од целиот свет, а Марио беше со трет најдобар резултат во експерименталниот дел. Чекори гордо и среќно по патеката послана со високи достигнувања Марио. Ние, СОУ „Славчо Стојменски, ќе го следеме и ќе му се радуваме на секој твој успех, горди како Македонци, штипјани, а најмногу како твои професори, среќни што беше наш ученик, пишува на фејсбук страницата на гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.
На Меѓународната 57. Хемиска олимпијада (IChO 2025) бронза освои и Петар Мирчевски, четврта година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а пофалница доби Теона Ана Георгиевска, трета година во „Јахја Кемал“ во Скопје. Дел од тимот беше и Елена Живаљевиќ, четврта година во „Јахја Кемал“.