Skip to main content
Хроника

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка

30/06/2026  14:31

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „предизвикување општа опасност”.

На 30.05.2026 преку социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка, а потоа во дворот од нејзината куќа со запалива течност предизвикал пожар.