Skip to main content
Хроника

Штипјанец запалил оган во дворот, огнот се проширил зафаќајќи ја неговата и две соседни куќи

26/11/2025  14:29

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување на општа опасност”.

На 24.09.2025 година во село Љуботен, штипско, пријавениот запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира местото, по што подоцна огнот повторно се запалил и зафатил две соби од подрумски дел од куќата на пријавениот,  како и делови од две соседни куќи,  гаража и околу пет хектари со нискостеблести растенија, шума и сува трева.