Skip to main content
Хроника

Штипјанец возел со 1.5 промили алкохол, му следува пријава

13/04/2025  12:15

Денеска (13.04.) во 03.41 часот на ул.„Гоце Делчев” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Ј.(22) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „Сеат” со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ – „безобѕирно управување со моторно возило”.