
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот А.П. од Штип поради основно сомнение дека извршил кражба.
„На 03.02.2025 во Штип, пријавениот со употреба на сила влегол во куќа во Штип, а откако бил затекнат од сопственикот, физички го нападнал него и го напуштил местото“, велат од МВР.