Општина Штип и Карбинци подготвени за вториот јавен повик од Владата за искористување на средства до 15 милијарда денари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со десетина капитални проекти ќе аплицира Општина Штип за развој на самиот град. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека ќе аплицира со четири проекти. И за обете општини ова ќе означува добра можност за да инвестираат во проекти со кои ќе се решаваат деценските проблеми на граѓаните.
-Согласно тоа што од следната недела повикот ќе биде на располагање општините да аплицираат со соодветни капитални проекти, Штип располага со десетина проекти, пред се капитални, кои што ќе донесат развој на градот. Меѓу другите, тоа е за нов тек на реката Брегалница, за намалување на сообраќајниот метеж и за поврзување со новата сообраќајница, неколку нови сообраќајници, исто така во насока на намалување на сообраќајниот метеж, платформа во централното градско подрачје, реставрација на тврдината Исар, булеварско решение на потегот од влезот и излезот на градот, парк Кежовица, вели Јорданов
И за Општина Карбинци, вториот јавен повик е од големо значење за реализација на инфраструктурни проекти.
-Општина Карбинци е целосно подготвена со основен проект, целосно техничка документација и сите потребни аболатори, дозволи за градба на сите оние проекти кои што ги планираме да бидат изградени. Се работи за четири проекти, кои што заедно со советниците, општинската администрација, но и во консултација со граѓаните и населението ги одбравме. Вкупиот износ кој што Владата ќе го додели до општината и аплицира со проекти е некаде околу 461.000 евра. Тоа е навистина голем буџет, а со овие пари го дуплираме и нашиот основен буџет. Имаме рекордна буџетска година, а сето тоа ќе го преточиме во реализација на овие проекти, како капитали, кои што граѓаните ќе имаат можност да го видат благодетот од сето ова, вели Паунов.