Skip to main content
Хроника

Штета од 200.000 денари е направена во синоќешната сообраќајка кај Сити Мол

05/07/2025  16:37

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување.

Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари.