
Осомничениот Раде Трајковски-Штекли се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“ во Шутка, поради што денеска бил однесен на контроли во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“.
На што се пожалил Штекли, не се открива, но познато е дека испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија.
Неофицијално, тој добил согласност од Кривичен суд за да биде однесен на прегледи. По прегледите, бил вратен во ќелија.
Против Трајковски веќе четири месеци трае истрагата. Освен Штекли, под истрага се уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.
Трајковски и останатите се гонат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.