
Шпанската Влада покрај суспендирањето на акцизите, одлучи и да ги намали даноците што ги формираат цените на горивата. Возачите би можеле да заштедат од 30 до 40 центи по литар само од акцизите, додека се планира и преполовување на ДДВ, што носи дополнителни заштеди.
Многу земји реагираа различно на моменталната криза со снабдувањето со нафта и деривати поради војната на Блискиот Исток и поморската блокада во Ормускиот теснец, една од главните глобални транспортни рути за енергетски производи.
Додека, на пример, во азиските земји се воведуваат дополнителни неработни денови поради недостиг на гориво, малопродажните цени на бензинските пумпи во Македонија се регулирани. Но, Шпанија одлучи да оди на друг начин и да воведе пакет итни даночни олеснувања.
Ројтерс објави дека ДДВ-то за горивото ќе биде намалено од 21 на 10 проценти, а акцизите за јаглеводороди и електрична енергија ќе бидат променети. Само промената на акцизите би можела да ја намали цената на дизелот и бензинот за 30 до 40 центи.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните критичари на нападите на САД и Израел врз Иран и постојано предупредува на нивното потенцијално негативно економско влијание. Неговите министри, исто така, најавија пакет помош за најранливите сектори, додавајќи дека обновливите извори на енергија ја ублажуваат изложеноста на економијата.


