Skip to main content
Хроника

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

07/04/2026  10:21

На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција, извести Царинската управа.

Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар.

Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка, соопшти Царинската управа.