Skip to main content
Македонија

Шок во Карпош: Мајка и дете загинаа по пад од шести кат

02/03/2026  15:05

Тежок трагичен настан се случи попладнево во скопската населба Карпош, каде жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубија животот по пад од станбена зграда дознава 24инфо.

Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај двете лица.

Екипи на Брза помош и полицијата веднаш биле упатени на местото на настанот, каде се врши увид и се утврдуваат околностите под кои се случила трагедијата.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.