Skip to main content
Балкан

Шок на Бајаково: Три деца во возило, а во скриени прегради 23 кг кокаин и оружје

17/02/2025  20:37

Царинските службеници на мобилната единица Вуковар спречија обид за шверц на 22,7 килограми кокаин и два пиштола на граничниот премин Бајаково, каде за контрола било издвоено возило со словенечки регистарски таблички.

Возилото било управувано од словенечки државјанин, кој патувал со три малолетни деца. Цариниците при прегледот пронашле специјално изработени тајни прегради, во кои биле скриени дрогата и оружјето.

По откритието, лицето било приведено, а понатамошната истрага ја презедоа полициските служби, кои утврдуваат дали станува збор за дел од поголема криминална мрежа.