
Тетовска Шкендија вечерва победи со 2:1 на гостувањето во Букурешт против екипата на ФЦСБ во реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак така со вкупни 3:1 го елиминира шампионот на Романија и избори нови два натпревара во најквалитетното натпреварување.

Романската екипа поведе во 28.минута со голот на Јури Цисоти, а пет минути подоцна Шкендија изедначи преку Лиридон Латифи. Домаќинот имаше иницијатива, но без посериозна шанса за гол, а тетовчани во 80.минута преку Бесарт Ибраими се заканија, но неговиот удар заврши високо над голот. Конечите 2:1 за Шкендија ги постави Ване Крстевски во 87.минута.
Противник на Шкендија во следното квалификациско коло ќе биде Карабаг од Азербејџан.