
Шкендија од Тетово ја продолжува борбата за шампионската титула во домашниот фудбал, откако пред своите навивачи забележа минимална, но исклучително важна победа против соседите од Арсими со резултат 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ибрахими во 17. минута.
По оваа победа, Шкендија останува во трката за шампионската титула и се наоѓа на –3 бода зад Вардар, додека Арсими е позициониран на 8. место со 26 бодови.

